Добредојде xMonster, поздрав со пета од исток
обединети на форум, толку далеку-а толку блиску
знам, во ред, остај ме, го кажав обратно
приморан бев бидејќи ќе звучеше одвратно.
Си добра, но, грешиш кога не гледаш сите во рајот
копилиња сме, побрзо од очекуваното ќе ни дојде крајот
и нема да ни биде мед и млеко ко што опиша
ќе вриеме во пеколот, ќе нејкеш, а ќе се топиш брат
Единственото за кое треба да се бориш е у кој круг да одиш.
Првиот ти е 30 степени и плус си дувка клима
У петтиот е 5 стотки, да платиш за да видиш зима.
Деветтиот е лоша нација, Луцифер ти прави рација
се ежам кога ќе помислам, хах, правам фаци ја.
Таму себеси се гледам, на Луцифер до каминот дрва му редам
Само стојам, не седам, преовладува омраза,
За да му речеш песна да смени треба да имаш образ брат,
Пошто рока фолк и за жива глава не го мења,
али ние ќе репуеме додека од уста не му потече пења.