Спорот на Македонија со Грција околу уставното име е билатерално прашање. Тоа не може да ги наруши добрите односи на релација Москва - Скопје, објаснува во интервју за А1 рускиот амбасадор во државава, Владимир Солоцински.
Владимир Солоцински Амбасадор на РУСИЈА во Македонија : - Апсолутно правилно кажавте дека Русија беше една од првите земји која ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име. За нас вакво прашање не постои во односите со Македонија. Ние ја признавме и продолжуваме да ја признаваме Македонија под нејзиното уставно име. Ние сметаме дека разидувањата во врска со ова прашање кои ги имаат Грција и Македонија е прашање во нивните билатерални односи.
-Нас, тоа како држава , не не засега и нема никакво влијание на односите меѓу Македонија и Русија. Ние ја признавме и ја признаваме Република Македонија под нејзиното уставно име и се надеваме дека Македонија може да најде начини да го реши ова прашање со Грција. И уште еднаш да нагласам дека ова прашање е во односите меѓу Македонија и Грција. Ова не е прашање за односите меѓу Македонија и Русија. Вакво прашање во нашите односи не постои.
одсекад сме имале добри односи со русија,секад не имаат подржувано ,само треба уште повеќе да ги зајакнеме односите,бар ја така размислувам,финтата е што имаме некои луѓе на власт кои не ги интересира зајакнување на врските со оваа земја т.е со земји ко русија ,така што оние што се ,,подобри ,, политичари знаат дека сами неможат односно следи отказ ако се спротиставиш ,затоа ќутат ,а државава ја води некојси што на денот на АРМ гледаше во соседната зграда да не го скинат. башка добро интервју поздрав
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови и 1 гостин
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум